Протестот во Белград организиран од студентите што го блокираат Факултетот за драмски уметности (ФДУ) и други граѓански собири, се одржува под слоганот „Младински бунт“.
Во четврток, од 18 часот, граѓаните го блокираа сообраќајот на улицата Омладински бригади во Нов Белград, кај кружниот тек во близина на општина Нов Белград, на раскрсниците со булеварот Зорана Ѓинѓиќа и улиците Јурија Гагарина и Хероја са Кошаре.
Како што јавува репортер на Радио Слободна Европа (РСЕ), се собрале околу 1.000 луѓе, а сообраќајот на целата улица Омладински бригади е запрен до влезот во кружниот тек. Сообраќајот на кружниот тек се одвива непречено.



