Протестниот марш е едно големо НИШТО!

Протестен Марш е идеално решение од раководството на ВМРО ДПМНЕ, да не се постигне ништо, да не се упатат конкретни ставови, да не се каже кое ќе биде делувањето на ВМРО ДПМНЕ после потпишувањето на договорот (тој веќе ќе биде потпишан), а од друга страна да се добие впечаток, и воедно да се амортизира не задоволството кај членството,дека нешто се прави, не се седи со скрстени раце! Тоа е играта на Мицкоски! Помеѓу чеканот и наковалната! Помеѓу членството и меѓународниот фактор! Игра која е само на штета на националните интереси!
Но, и на тој марш кој се знае дека е само фарса, да се сакало да биде нешто сериозно има многу други начини да биде тоа, ќе го спомнам само местото на оддржување против кое апсолутно немам ништо против, но не е соодветно во овој момент, сепак и на тој марш повторно се јавуваат неколку новинари кои јас го почитувам лично, и ако во последно време НЕ се согласувам со нив, со поддршка како секогаш се тие со народот, па така и во недела ќе биле!
Народ има секој ден и пред Собрание! Зошто не го повикате Мицкоски да му се придружи?
Се обраќавте со видео пораки за протестот на 2ри јуни веројатно затоа што имате следбеници им верувате дека тоа ќе донесе народ,еден од тие новинари има над 45000 луѓе кои што го следат, но зошто бар еднаш не пробате Вие да повикате на протест!? Или пак да бидете коорганизатори на тие луѓе пред Собрание? Зошто не преземете одговорност, туку се наметнувате на туѓи протести?
Или полесно е вака! Еве ги париототите повторно на “браникот”нели? Ем лојални на ВМРО ДПМНЕ, ем со народот, ем Патриоти, многу ем има на ваше конто! Но, се добива и еден друг впечаток,вака без розови очила а тоа е дека на погрешен човек давате поддршка! Бар тоа е мој став нормално јас само во мое име пишувам! Зошто интересите на Мицкоски сакате да ги претставите како национална одбрана,а добро знаете дека не е така!? Што спречи или машки се обиде да спречи Мицкоски за овие 6 месеци колку што е Лидер? Што донесе протестот на 2 ри? Ништо! Апсолутно ништо! Ниту го поколеба Заев, ниту му даде храброст на Мицкоски! Затоа што ако ја немаш и тројца да се и 100000 да се повторно ќе ја немаш! Новиот Национален Лидер треба да се роди од тие 200 300 луѓе што се секојдневно пред Собрание, од тие луѓе во Битола што со месеци секоја недела протестираат,а Вие ако сте навистина борци со општествена одговорност и влијание, би требало да ја претставите реалната слика,а таа е дека партијата од поодамна не е на Браникот на Татковината!
Одамна е седната во нечиј скут! Вие подобро од мене знаете во чив!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.