Процес „Пулс“: Јавна тајна е дека газдата Деко имал заштита од полиција и инспекции

Со читање на сведоштвата на две девојки денеска продолжи судењето за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Една од преживеаните во својот исказ како  сведокот на обвинителството, Ана Томева се  посочи дека објектот редовно работел без контрола на документи и без обележани противпожарни излези.

Во  исказот било наведено дека сопственикот Дејан Јованов – Деко наводно имал заштита од лица во полицијата и инспекциските служби.
„Јавна тајна е дека Дејан Јованов Деко има заштита од луѓе во полиција и инспекциите“, стои во прочитаниот исказ.
Томева сведочела дека работела и во кафулето „Класик“ и во дискотеката, без да биде пријавена, а платата ја добивала во готово. Според неа, фискалните сметки биле заменувани со нелегална документација која интерно ја нарекувале „црни пари“.
Таа посочила и дека вработените немале никаква обука за противпожарна заштита и спасување, ниту знаеле каде се наоѓаат противпожарните апарати.
Во сведочењето било наведено и дека при најавени инспекциски контроли, дел од вработените и присутните се претставувале како гости за да се прикрие реалната состојба во локалот.
Друг сведок, Лина Крстева, која често била гостин во дискотеката, изјавила дека за време на пожарот немало лица кои ги насочувале или им помагале на присутните.
„Видов еден полицаец кој само стоеше и не ни помагаше“, сведочела Крстева.
По читањето на исказите, во судницата биле презентирани и материјални докази, меѓу кои и видеоснимки од пожарот со вознемирувачка содржина.

Таа наведе дека критичната вечер во дискотеката биле користени пиротехнички средства за време на настапот на групата ДНК.
„Пожарот го забележав откога друг присутен викна дека ‘се запалило’, по што настана паника и турканица кон единствениот излез што го знаев“, се вели во нејзиниот исказ.
Девојката опиша дека на скалите и кај главната врата се создал огромен метеж, по што била извлечена од други лица и пренесена во болница поради вдишан чад и повреди.

The post Процес „Пулс“: Јавна тајна е дека газдата Деко имал заштита од полиција и инспекции appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: