Ракометарите на ПСЖ беа подобри од Динамо Букурешт на домашен терен со 33-26, додека Магдебург запиша убедлив триумф против Веспрем од 32-25 во Лигата на шампиони (ЛШ).
Францускиот гигант уште во првото полувреме ја најави победата, откако на паузата замина со водство од 17-14.
ПСЖ го отвори вториот дел со два гола и избега на пет разлика (19-14), по што Динамо Букурешт имаше неколку обиди да се врати во игра, меѓутоа не можеше да му парира на ривалот.
Пранди постигна шест голови за ПСЖ, додека на спротивната страна најдобар беше Хумет со седум погодоци.
Бундеслигашот Магдебург оствари голема победа над Веспрем (32-25) со што се искачи на второто место поради подобриот меѓусебен резултат од унгарскиот тим.