Во врските не е секогаш лесно да се направи разлика помеѓу вистинска и лажна љубов. Врска без вистинска поврзаност може да донесе чувство на несигурност, емоционална дистанца и недостаток на заеднички напор. Некои знаци јасно укажуваат дека врската можеби не е онаква каква што треба да биде. Психотерапевтката Маја Ушиоко сподели неколку знаци кои откриваат дека љубовта во врската не е вистинска.Ви недостасува емоционална блискост„Без емоционална блискост, врската останува површна, без вистинска интимност или раст. Нема простор за поврзување или за заеднички развој како двојка“, објаснува Ушиоко во објава на Инстаграм.Партнерот е во „зоната на удобност“, а не е заљубен„Ако чувствувате дека вашиот партнер е во врска од навика, а не од вистинска љубов, честопати се чувствувате несигурно и како постојано да сте на работ на пропаст“, истакнува психотерапевтот.Вашиот партнер покажува повеќе љубов пред другите отколку насамоИзразувањето чувства главно на социјалните медиуми или пред други луѓе, а во исто време недостатокот на вистинска интимност приватно, може да укажува дека чувствата не се автентични.Постојано чувство на нестабилност и закана од прекинАко врската постојано изгледа дека е на работ на раскинување, тоа би можело да биде показател за лажна „љубов“, тврди Ушиоко.Партнерот не се труди да направи компромисВрската и компромисот одат заедно. „Ако вашиот партнер не се потруди да ви излезе во пресрет на половина пат, тоа е знак на незаинтересираност и недостаток на волја за заеднички раст“, вели психотерапевтот.Ако ги препознаеме овие знаци во нашата врска, можеби е време повторно да процениме колку навистина сме исполнети во таа врска.
Пронајдете не на следниве мрежи:



