Публиката се враќа и на стадионите во Италија

Во Италија публиката ќе може да се врати на 1 мај најавуваат медиумите од оваа земја. Ограничен број на луѓе ќе можат да присуствуваат на натпреварите во Серија А, а според најавите, максималната бројка се очекува да биде до 1000 лица, љубители на фудбалот.
Од друга страна, на мечевите кои одржуваат во салите бројот на навивачи ќе биде ограничен на 500.
Така, во финишот на шампионатот ќе има навивачи во Калчото, а најсреќни се оние на Интер, кој е најблиску до титулата, прва од 2010 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.