Пукале пред кафеана без престан- полицијата излегла на терен но не пронашла никој

Ноќеска во СВР Скопје било пријавено дека во временскиот период од 00,05 часот до 00,10 часот пред угостителски објект во Долно Блаце биле испукани неколку истрели.
Полициски службеници од Полициска станица „Долно Блаце“ излегле на местото на настанот и на паркинг просторот во близина на угостителски објект пронашле чаури од пиштол.
Повредени лица нема. Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.