Пукање во Скопје попладнево: Повреден полицаец заврши во болница- еве ги деталите

Во СВР Скопје денеска е пријавено дека во 17:00 часот на улицата „Методија Митевски“ пред продажен објект, полицискиот службеник Ј.Ј., кој во моментот не бил на работа, се обидел да запре две лица за кои се посомневал дека ќе извршат кривично дело во објектот.
Како што потврдија за МИА од МВР, кон полицаецот бил испукан проектил од огнено оружје, при што тој се здобил со повреда во раката и бил префрлен во здравствена установа за укажување на лекарска помош.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.