петок, 13 ноември 2026
Најново

Пукање имало и ќе има – Тошковски: Граѓаните кои имаат оружје можат директно да набавуваат муниција, без претходно одобрение

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски соопшти дека е реализирана уште една суштинска промена во насока на поедноставување на административните постапки и зголемување на ефикасноста во системот за легално поседување оружје.

Согласно измените на Законот за оружје, стапи во сила новиот систем за набавка на муниција. Со него, граѓаните кои поседуваат оружје ќе можат да ја набавуваат потребната муниција директно во овластените правни субјекти. Повеќе не е потребно претходно одобрение за набавка на муниција, информираше Тошковски.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Истовремено, преку централен електронски систем, Министерството за внатрешни работи ќе врши континуирана контрола и увид во количините што се набавуваат, во согласност со законски утврдените ограничувања.

Со оваа промена, системот станува побрз, пофункционален и посовремен, без да се намали степенот на безбедносен надзор. Ова е уште една потврда дека се движиме во вистинска насока, со конкретни мерки што носат резултати и реално го подобруваат квалитетот на услугите што МВР ги дава на граѓаните“, истакна министерот.

Поврзани вести