Пукна тиквата помеѓу Ѓоле Џогани и Слаѓа Делибашиќ: Имавме недоразбирања и си заминав, па и јас имам гордост

Според соседите, како што пишуваат српските медиуми, денсерот почнал постојано да се расправа со својата поранешна сопруга, па таа морала да ја напушти куќата во која живеела со ќерката Силвија и внуката Тија. Ѓоле Џогани ја исфрлил поранешната сопруга Слаѓа Делибашиќ во која таа живеела речиси цела година.
По 19 години, откако се разведоа, поранешните сопружници повторно ги затегнаа односите. Тиквата пукнала пред неколку месеци. Наводно, Ѓоле предизвикал расправија, која се повеќе се продлабочувала, за на крајот да резултира со иселување на Слаѓа од куќата.
– Нема некој овде кој не се закачи со него, секогаш наоѓа причина, постојано приговара и ги напаѓа луѓето. Слаѓа ми раскажуваше дека тешко излегува на крај со него. Пред неколку месеци ми рече: “Комшија, јас овде веќе нема да живеам. Ако нешто ви треба, се преселив во подолната улица па побарајте ме, еве ви го мојот број.“ Јас ја прашав што се случува, а таа ми одговори дека се скарале со Ѓоле и дека повеќе не може да го трпи тоа, му раскажал сосед на изворот додавајќи дека никој од соседите нема добро мислење за Ѓоле, додека за Слаѓа имале само пофални зборови. Тој уште кажал дека Џогани барал Слаѓа да ја напушти куќата, која е на негово име и која пред година и половина комплетно ја реновирал.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.