Путин: Историјата покажува дека Русија и САД пронашле нешто што ги обединува

Низ историјата, односите меѓу Русија и Соединетите Американски Држави биле добри, а двете земји пронашле нешто што ги обединува, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

„Од секогаш, многу долго време, сме имале  многу добри и уникатни односи со Соединетите Американски Држави. Ја поддржувавме нивното тежнеење  за независност од Велика Британија. Всушност,  ги снабдувавме  со оружје и им помагавме со пари. Потоа во американската граѓанска војна, Северот беше поддржан за време на граѓанската војна  со -Југот “, изјави  Путин , пренесува ТАСС.

Тој рече дека Русија и САД, во оваа смисла, сепак пронашле нешто што ги „обединува“.

Пронајдете не на следниве мрежи: