Путин не исклучува средба со Зеленски

Рускиот претседател Владимир Путин не ја исклучува можноста за средба со Владимир Зеленски, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека рускиот лидер верува дека секоја средба на највисоко ниво треба да биде добро подготвена.

„Засега не може да се каже дека работата на експертско ниво е во полн ек“, рече Песков, коментирајќи ја можноста за таква средба.

За разговорите Путин-Трамп

Портпаролот на Кремљ, исто така, нагласи дека Русија намерно не ги открива сите детали од разговорите меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, за време на кои беше разговарано за прашањето за украинската криза. „Во интерес на решавање на кризата, сега е потребно да се работи на дискретен начин“, додаде тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: