Путин потпиша Уредба – Русија ќе регрутира уште 150.000 луѓе

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша Уредба за рутинска пролетна регрутација, повикувајќи 150.000 лица на служење на воениот рок, покажува документ кој е објавен на интернет страницата на Кремљ.

Сите мажи на возраст меѓу 18 и 30 години се обврзани да отслужат едногодишен воен рок или еквивалентна обука за време на високото образование. Долниот дом на рускиот парламент во јули изгласа подигнување на максималната возраст за мобилизација од 27 на 30 години. Новиот закон стапи на сила на 1 јануари во 2024 година.

Задолжителното служење на воен рок беше чувствително прашање долг период во Русија, каде многу мажи се обидуваат да ја избегнат обврската за регрутација која се случува двапати годишно.

Воените обврзници законски не можат да бидат распоредени да се борат надвор од Русија и беа изземени од ограничената мобилизација во 2022 година. За борбите во Украина, тогаш беа мобилизирани 300.000 луѓе со претходна воена обука.

Путин во септември лани потпиша наредба за повикување на 130.000 луѓе на есенската регрутација, иако минатата пролет Русија планираше да мобилизира 147.000 луѓе.

Пронајдете не на следниве мрежи: