Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за одобрување на промена на нуклеарната доктрина на Москва.
Ажурираната доктрина вели дека рускиот нуклеарен напад може да биде оправдан дури и ако следи „агресија врз Русија и нејзините сојузници од која било земја што не поседува нуклеарно оружје, а е поддржана од држава што поседува“. (Украина од САД, Франција и Британија?)
Исто така, според новата нуклеарна доктрина, Русија може да го користи својот атомски арсенал во случај на голем воздушен напад со ненуклеарно оружје, вклучително и беспилотни летала.
Путин го потпиша указот за 1.000-тиот ден од војната меѓу Русија и Украина, кој се слави денеска.
Пронајдете не на следниве мрежи:



