сабота, 28 ноември 2026
Најново

Путин по разговорот со Трамп одржа состанок со рускиот Совет за безбедност

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со постојаните членови на Советот за безбедност веднаш по телефонскиот разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп, објави помошникот на претседателот Јуриј Ушаков.

„Синоќа, веднаш по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, претседателот Владимир Владимирович Путин ги собра постојаните членови на Советот за безбедност во Кремљ и детално ги информираше за содржината на разговорот“, рече Ушаков.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Потсетуваме дека вчера, Трамп и Путин го одржаа својот осми и најдолг телефонски разговор од почетокот на вториот мандат на американскиот лидер.

Ушаков кратко по разговорот објави дека разговорот се фокусирал на украинската криза.

Американскиот лидер ја објави својата намера да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта.

Во исто време, унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека разговарал со Трамп и дека подготовките за самитот се во тек.

Поврзани вести