петок, 27 ноември 2026
Најново

Путин: Русија може успешно да ја заврши војната во Украина и без нуклеарно оружје

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Русија ги има сите потребни сили за успешно завршување на војната во Украина без употреба на нуклеарно оружје, без разлика колку е провоцирана да прибегне кон него, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
„Сакаат да нè провоцираат, сакаат да правиме грешки“, рече Путин во разговор со новинарот Павел Зарубин, јави ТАСС.
Кога беше прашан за употребата на нуклеарно оружје во војната во Украина, Путин рече дека „нема потреба“ да се користи нуклеарно оружје и дека „се надева дека нема да биде потребно“.

Поврзани вести