Путин сака една важна работа од Трамп! Се огласи Лавров кој откри што сака Москва од Вашингтон: „Ќе ни требаат јасни гаранции…”

Русија бара од Вашингтон да и’ нареди на Украина да постигне договор за немешање во пловидбата на трговските бродови во Црното Море, а исто така бара укинување на ограничувањата за трговијата со руско жито и ѓубриво.„Ќе ни требаат јасни гаранции… Таквите гаранции можат да бидат само резултат на наредбите на Вашингтон до (украинскиот претседател Володимир) Зеленски“, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, според руските медиуми. Тој рече дека Москва, исто така, се обидува повеќе да не биде „исклучена“ од светската трговија со ѓубрива и жито.Лавров рече дека темата била во центарот на руско-американските разговори во понеделникот во Саудиска Арабија.Овие разговори, според агенцијата Франс прес, не доведоа до никаков договор, ниту за ограничен прекин на огнот за да се овозможи комерцијална пловидба во Црното Море.Руската страна е за обновување на Црноморската иницијатива, но во форма прифатлива за сите страни, рече Лавров, пренесе агенцијата ТАСС. „Како што рече претседателот (Владимир) Путин, ние сме за продолжување на Црноморската иницијатива во некоја форма – прифатлива за сите“, рече Лавров, мислејќи на договорот од кој Русија се повлече во 2023 година и кој и овозможи на Украина да извезува земјоделски производи со брод.Лавров рече дека ова прашање било разговарано како приоритет на разговорите меѓу руската и американската делегација за евентуален прекин на огнот во војната во Украина, одржани вчера во Ријад.Тој исто така рече дека неговата земја барала укинување на ограничувањата за рускиот извоз за време на тие 12-часовни руско-американски разговори.„Сега треба да воспоставиме најјасни и најконкретни механизми кои можат најдобро да се проверат и се најреални“, рече тој.„Сакаме пазарот на жито, пазарот на ѓубрива да биде предвидлив, сакаме никој повеќе да не се обидува да нè оддалечи од тој пазар”, рече Лавров.Русија е под обемни трговски санкции наметнати од Западот и неговите сојузници поради руската агресија против Украина која започна во февруари 2022 година.Руско-американските и американско-украинските разговори во Ријад започнаа на иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп, кој се обидува да стави крај на војната. Тој ја прифати реториката на Кремљ за неколку точки и изврши притисок врз Украина, а досега се воздржуваше од критики за Русија.Лавров и претставниците на неговото министерство не беа на разговорите во Ријад, каде Русија беше претставена од делегација предводена од сенатор и претставник на разузнавањето.Беше најавено дека денеска ќе биде објавено заедничко соопштение, но портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека резултатите од разговорите нема да бидат јавно објавени бидејќи двете делегации одржале „технички консултации“ во Ријад и испратиле извештаи само до нивните лидери.Рускиот преговарач Григори Карасин разговорите ги оцени како корисни. Тој за новинската агенција ТАСС изјави дека тоа е интензивен дијалог, дека не е лесен, но дека е од корист и за Русите и за Американците, кои ќе продолжат да работат.

Пронајдете не на следниве мрежи: