Путин: Секој разумен човек е свесен дека Русија никогаш немала желба да нападне некого

Рускиот претседател Владимир Путин, по средбата со кинескиот претседател Си, се сретна и со словачкиот премиер Роберт Фицо, кој исто така пристигна на воената парада во Кина. Путин ги негира руските планови за напад врз Европа

Во заедничко обраќање со словачкиот премиер, Путин изјави дека „тврдењата на Европа дека Русија наводно планира напад врз неа се провокација или целосна некомпетентност“. „Секој разумен човек е совршено свесен дека во Русија никогаш немало, нема и никогаш нема да има желба да се нападне некого“, рече Путин.

Путин, исто така, изјави дека ваквите тврдења се целосна бесмислица и немаат никаква основа.

„Во врска со „агресивните планови на Русија кон Европа“, сакам уште еднаш да нагласам дека ова е целосна бесмислица која нема апсолутно никаква основа“, рече рускиот лидер.

„Русија никогаш не била против членството на Украина во ЕУ.“Путин, исто така, изјави дека Москва никогаш не се спротивставила на евентуалното членство на Украина во Европската Унија и ги отфрли тврдењата дека Москва некако планира да го нападне Фицо, критикувајќи ги украинските напади врз енергетската инфраструктура на Европа.

Пронајдете не на следниве мрежи: