петок, 13 ноември 2026
Најново

Путин тврди дека Русија е сè поблиску до создавање вакцина против рак

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Русија е сè поблиску до создавање вакцини против рак, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин и додаде дека може да се смета на нивна рана примена во индивидуалната терапија.

„Го приближивме создавањето на таканаречените онковакцини – вакцини против ракот – и нова генерација на имуномодулаторни лекови. Очекувам дека наскоро тие ефективно ќе се користат како методи на индивидуална терапија“, рече Путин за време на пленарната седница на Форум за идни технологии.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој рече дека новите откритија во областа на медицината треба да им бидат достапни на луѓето и широко да се применуваат во примарната здравствена заштита, пренесува РИА Новости.

„Новите откритија во областа на медицината, методите на превенција, лекување, новите лекови и опрема сами по себе значат многу,” тој рече.

Путин најави зголемување на средствата за иновации во медицината и фармакологијата.

Поврзани вести