Путин ќе воведува физичко воспитување како во советската ера

Рускиот претседател Владимир Путин повика на оживување на праксата од советската ера, сите деца на школска возраст да мораат да поминат тестови за физичка подготвеност, оценувајќи дека тоа ќе ги научи да се одбранат себе, своето семејство и татковината.Путин како љубител на џудото и пливач се заложи за програмата за оценување на физичката подготвеност на учениците којашто се нарекува „Подготвени за работа и одбрана“,Според оваа програма, воведена во 1931 година во време на советскиот диктатор Јосиф Висарионович Сталин, од сите деца на школска возраст и студенти се барало редовно да ги поминуваат тестовите за физичка подготвеност, а оние кои ќе успеат добивале сребрени и златни значки.Во првите години, целта на програмата била да ги подготви децата за служење во Црвената армија, но постепено губела значење, па престанала да постои со распадот Советскиот сојуз во 1991 година.Од тогаш, физичкото воспитување воглавно е препуштено на самите училишта. Рускиот министер за спорт Виталиј Мутко на седница на Владата со која претседава Путин, рекол дека неговото министерство ќе работи на тоа до 2016 година да се воспостават стандарди за физичко воспитување, ширум Русија.Путин порачал дека Русија мора да посвети повеќе внимание на физичкото воспитување бидејќи заостанува зад другите земји. Тој оценил дека руските деца сега се во значително полоша физичка состојба отколку пред неколку децении. Путин порача дека стандардите на физичкото воспитување мораат да бидат флексибилни.„Не треба да бидат превисоки за да се избегне луѓето да добијат срцев удар“ рече тој.
МакфаксРускиот претседател Владимир Путин повика на оживување на праксата од советската ера, сите деца на школска возра

Пронајдете не на следниве мрежи: