Пушкарската асоцијација на САД го тужи гувернерот на Њујорк

Националната пушкарска асоцијација (National Rifle Association) на САД објави дека ќе го тужи гувернерот на сојузната држава Њујорк, Ендрју Куомо, обвинувајќи го за кршење на Вториот амандман од Уставот на САД, кој им го гарантира на Американците правото со оружје да го штитат својот живот и имотот.„Националната пушкарска асоцијација има намера да го брани Вториот амандман од Уставот, и сите жители на државата Њујорк коишто го почитуваат законот. Гувернерот Ендрју Куомо и законодавната власт го погазија принципот на демократското донесување закони, нарушувајќи го правото на сопствениците на оружје без јавна расправа и разгледување на јавното мислење. Ние нема да го толерираме непочитувањето на правата на њујорчани и на Уставот“, се вели во соопштението испратено до повеќе американски и странски медиуми.Гувернерот Куомо во јануари го потпиша најостриот закон во САД за контрола на оружјето, усвоен под притисокот на емиционалниот бран реакции по трагедијата во сојузната држава Конектикат, кога ментално нестабилниот дваесетгодишник Адам Ланза го изврши масакрот во основното училиште „Сенди Хук“ во гратчето Њутаун во декември 2012 година, кога уби дваесет деца на шест и седумгодишна возраст и шест возрасни меѓу кои и неговата мајка. Законот го ограничува поседувањето на магацините за муниција на капацитет од седум полнења, го забранува поседувањето на оружје од страна на псхички нестабилни лица и бара од дилерите да ги пријавуваат на властите сите продажби на оружје.Претходно во четвртокот, американските медиуми објавија дека гувернерот е подготвен на ублажување на законот, кој треба да стапи на сила на 15-ти април годинава. Тој, посебно имал намера да го измени ограничувањето за капацитетот на магацините за муниција, во кои, сепак, не ќе можат да се чуваат повеќе од седум полнења, без разлика на нивниот капацитет.Седмицава, американските сенатори ја одложија од дневниот ред точката за продажба на јуришно автоматско оружје од нацрт-законот за контрола на поседувањето и ракувањето со огнено оружје, кој беше одговор на политичарите на трагедијата во Њутаун, за што претходно во четвртокот американскиот потпретседател Џозеф Бајден на прес-конференција во Њујорк рече дека не претставува откажување од нацрт-законот на администрацијата претседателот Барак Обама.
МакфаксНационалната пушкарска асоцијација (National Rifle Association) на САД објави дека ќе го тужи гувернерот на соју

Пронајдете не на следниве мрежи: