Пуштено во употреба новото основно училиште “Киро Глигоров“ (ВИДЕО)

Со свеченост и пригодна програма во присуство на премиерот Зоран Заев, министри во Владата и општинското раководство денес и официјално е пуштено во употреба новоизграденото општинско основно училиште „Киро Глигоров“ во населбата Капиштец во Општина Центар.
Името на училиштето “Киро Глигоров“ според првиот претседател на држвава е избор на граѓаните преку анкета, по што согласност даде и Советот на општината.
Училиштето почна да се гради во 2016 година, а изведбата на проектот е во вредност од 5,5 милиони евра. Изградено е на површина од 12.100 квадратни метри, со дворна површина од 4.100 квадратни метри. Има 21 училница, со акустика на простор, седум специјализирани кабинети за предметна настава,спортска сала и гимнастичка сала, ботаничка градина, трпезарија со кујна, наставнички кабинет и канцеларии за персонал, како и инклузивна просторија – Дневен центар за деца со церебрална парализа.
– Овој пример на Општина Центар треба да се следи и од другите локални самоуправи. И вака ќе бидеме и како централна власт, но и како локална власт во иста насока за постигнување на заедничката цел, а тоа е квалитетен национален образовен систем, поквалитетно образование, подобри образовни инфракструктурни услови за сите и постигнување на што повеќе поголеми и попозитивни резултати, рече на свеченоста министерот за образование и наука Арбер Адеми.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.