среда, 18 ноември 2026
Најново

Работник се здобил со тешки телесни повреди на работно место во рудник во Македонска Каменица

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На 09.02.2026 во 21:30 часот во Полициското одделение Македонска Каменица e пријавено дека околу 20:30 часот, при извршување работни задачи во рудник во Македонска Каменица,  со тешки телесни повреди се здобил Б.А.(26) од село Моштица, општина Македонска Каменица, констатирани во Клиничка болница Штип.

За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршиле увидна екипа од ОВР Делчево и рударски инспектор.

Поврзани вести