Радев: Желбата на Македонија за дијалог е позитивен знак

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска во Рим порача дека Македонија мора да покаже дека навистина сака да биде дел од обединета Европа, која ќе ги исполни сите барања на ЕУ.Тој упати порака и до претседателката Гордана Силјановска-Давкова од која очекува говорот на омраза да престане.Според Радев, поради напорната програма организирана до минута, бугарската делегација не можела да се сретне со делегацијата на Република Македонија, која престојува во Рим, а ја предводи претседателката Гордана Силјановска-Давкова.„Позитивен знак е што претседателот на Република Македонија покажа желба за ваква средба“, одговори Радев на прашањето дали е побарана средба меѓу него и Силјановска-Давкова во Рим.Очекувам ваква средба да се случи наскоро“, рече Радев.

Пронајдете не на следниве мрежи: