четврток, 26 ноември 2026
Најново

Радев: Северна Македонија треба веднаш да покрене кривична постапка за сите напади врз Бугарите таму

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, изјави дека Република Северна Македонија мора веднаш да започне ефикасна истрага и гонење на сите напади врз Бугарите ако сака да продолжи по патот на европската интеграција.

Неговиот коментар дојде по нападот врз новинарот и јавна личност Владимир Перев во Скопје.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Крајно време е Република Северна Македонија да започне ефикасна истрага и гонење на сите напади врз Бугарите таму. Ова е единствениот начин оваа земја да ја постигне својата европска интеграција“, нагласи Радев.

Претседателот прецизираше дека лично го покренал прашањето и со шефот на државата на Северна Македонија и со премиерот во Скопјe.

Случајот Перев, според него, е „добра причина конечно да се започне со вистинска промена“, бидејќи и сторителот и мотивот се јасни.

Поврзани вести