Развој на финансиските пазари во функција на развојот на економијата и нови вработувања

Финансиите се крвотокот на економијата – често знаат да кажат економистите објаснувајќи го значењето на финансискиот сектор за економскиот раст. Како што крвта ги храни органите за да можат да функционираат, така финансиите го овозможуваат спроведувањето на економската активност. Оттаму, достапноста до финансиите е поврзана со виталноста на економијата, односно нивото на економска активност, а со тоа и со економскиот раст и развој. Придонесот на финансиските пазари за економскиот развој во економската историја бил карактеризиран како „значаен“ од страна на Штиглиц, „круцијален“ од страна на Шумпетер, додека за Милер бил „премногу очигледен, за да се дискутира“.

Уште од почетокот на мојот мандат како министер за финансии, како јасна цел за развој на нашата економија го истакнувам забрзувањето на економскиот раст. Преку континуирано повисоки стапки на економски раст, од околу 5% годишно, ќе  можеме да го постигнеме посакуваниот и потребниот економски развој и да обезбедиме подобар животен стандард за нашите граѓани.

Имаме јасна визија и план како да ја постигнеме целта. Станува збор за Планот за забрзување на економскиот раст, со кој предлагаме сеопфатна и издржана стратегија за побрз и одржлив економски раст.

Нова стратегија: Мобилизирање на капиталот за забрзување на економскиот раст

Во Планот за забрзан економски раст исклучително значајно место има пристапот до капитал, со кој би се финансирале проектите во јавниот и приватниот сектор, со цел да се зголемат вкупните инвестиции, да се подобри конкурентноста на економијата и да се стимулира растот.

Преку мобилизирање на капиталот и негово алоцирање кон попродуктивни позиции: нови проекти, стартапи, извозни компании, мали и средни претпријатија, се поддржува економската активност и поттикнува растот. Оттаму, развојот на пазарот на капитал ќе одигра многу важна улога во забрзувањето на економскиот раст.

Во тој контекст неделава, Владата, на предлог на Министерството за финансии, ја усвои Стратегијата за развој на финансиски пазари во земјава, со чие спроведување очекуваме креирање на повеќе можности за финансирање на проектите на компаниите, зголемување на понудата на инструменти за инвестирање, како и привлекување странски инвеститори.  Стратегијата e подготвенанизинклузивенпроцеснаразменанаидеи и консултацииворамкитенаСоветотзаразвојнапазаротнакапитал,  сокојраководиМинистерствотозафинансии, а вокојчленуваат и Министерствотозаекономија, Народнатабанка, Комисијатазахартииодвредност, Централниотдепозитарнахартииодвредност, Агенцијатазасупервизијанаосигурување, МАПАС, Македонскатаберза, Македонскатабанкарскаасоцијација,како и преставницина инвестицискифондови, претставнициодпензискидруштваодстопанскитекомори и инвеститорскатајавност.

Стратегијата има за цел да гo динамизира пазарот на капитал до ниво на просекот во ЕУ. Вакви стратегии имаат многу земји кои се развиени или пак се во развој. Во последните години, вакви стратегии во Европа имаат усвоено Ирска, Луксембург, Латвија, Унгарија, Словачка и Бугарија.

Ригиден пазар во окружување кое се менува

Пред да ја објаснам Стратегијата за развој на финансиските пазари, прво ќе се осврнам на финансискиот сектор во нашата земја – да се даде еден подетален приказ на тековната поставеност и поблиску да се објасни суштинската потреба од новоусвоената стратегија.

Како и кај останатите земји во развој, финансискиот сектор во нашата земја е банко-центричен, со недоволно развиен пазар на капитал, што произлегува од историјата на општествено-економско уредување.

Главен носител на економскиот раст е банкарскиот сектор, додека кредитите се основен извор за финансирање на развојот на компаниите. Средствата на банките во 2020 година, претставуваат 82,5% од вкупната актива на финансискиот сектор. Активата на банкарскиот систем просечно расте со 7%, додека пак кредитите учествуваат со нешто над 50% во БДП на земјата односно 56% во 2020 година.

Активностите на останатите сегменти од финансискиот систем, со исклучок на задолжителните капитално финансирани пензиски фондови, се прилично скромни.  Сепак, просечниот годишен раст кај осигурителниот сектор изнесува 9% годишно и 28% кај инвестициските фондови, што говори за зголемена побарувачка за производите на небанкарските финансиски институции.

Пазарот на акции во Северна Македонија го карактеризираат изразена концентрација на  прометот на неколку акции, неразвиен примарен пазар и отсуството на странски инвеститори. Македонска берза АД Скопје, како и останатите берзи во регионот, е производ на трансформацијата на стопанството во пазарна економија. Кус период за време на светската и регионална економска експанзија во периодот 2005-та до 2007-та година, берзата доживеа бум, односно прометот на класично тргување на Берзата во 2005 година изнесуваше околу 109 милиони евра, следната година се зголеми на 177 милиониевра, заво 2007 година да го достигне максимумот од околу 497 милиони евра (вкупниот промет таа година надмина 680 милиони евра), по што дојдоа светската финансиска и економска криза, што доведе до драстично намалување. Од 2012 година наваму прометот на Берзата забележува пикови и падови, со највисок промет минатата, 2021 годинаод 209 милиониевра, додека кризната 2020 година се заврши со промет од околу 133милиони евра. За разлика од краткиот берзански бум, примарниот пазар на капитал во Република Северна  Македонија не доживеа посебна експанзија. Новите емисии на акции од постојните акционерски друштва најчесто се спроведуваат во форма на приватен пласман, а многу поретко како јавни понуди.

Од аспект на структурата на инвеститорите, може да се каже дека интересот на странските инвеститори за нашиот пазар на капитал е занемарлив. Ако го гледаме процентуалното учество на странските инвеститори во вкупните куповни трансакции, забележуваме тренд на намалување, односно 15%, 6% и 1,2% учество, респективно во вкупните трансакции за 2018, 2019 и 2020 година. Дополнително може да се види тренд на намалување на учеството на странските инвеститори во куповните и продажните налози, што укажува на тоа дека интересот за нашиот пазар се намалува, а со тоа и капацитетот за мобилизирање на странски капитал.

Друг момент во структурата на учесниците во пазарите на капитал е доминацијата на повозрасната популација. Односно, во Централниот депозитар се регистрирани 60.907 сметки, од кои околу 84% отпаѓаат на лица постари од 50 години, додека само 1,4% се во сопственост на лица помлади од 30 години. Ова укажува на еден дисбаланс кој е  спротивен на економската логика во поглед на преференциите за ризик, односно младите инвеститори да се ризико-посакувачки,односнопостаритеризико-аверзнични.

Пазарот на обврзници во Северна Македонија се одликува со доминација на државните обврзници. Учесниците на овој пазар се институционални инвеститори, кои заради својата голема ликвидност, регулаторни ограничувања и ограничената понуда на дополнителни  можности за инвестирање во должнички државни хартии од вредност, алоцираат големи износи на средства. Од друга страна, вложувањето на физичките лица во должничките хартии од вредност, издадени од државата речиси и да не постои.  Секундарениот пазар е неразвиен, главно заради доминацијата на финансиските институции како доверители кај овие инструменти. Пазарот на корпоративни обврзници е многу мал сегмент од вкупниот пазар на  должнички инструменти, со 19 милиони евра издадени обврзници од страна на банките за период од 2016 година до 2020 година. Општински обврзници не се издаваат.

Воочлив тренд е зголемениот интерес на домашните инвеститори во странски хартии од вредност, а особено на новите алтернативни инструменти како што се криптовалутите. Ова укажува на потребата за зголемување на понудата на нашиот пазар со иновативни решенија со цел провлекување на овој инвеститорски капацитет, но и поинтензивни напори за едукација на широката јавност во препознавањето на одликите на средствата во кои инвестираат.

Алтернативни извори-  ги има, но не доволно се користат

Во Република Северна Македонија во последните години нема значаен напредок во  организирањето на фондови за ризично финансирање или пак развојот на платформите за  групно финансирање (краудфандинг).

Постои можноста за поврзување на компаниите кои сакаат да приберат средства и инвеститорите кои бараат можности за ризично вложување во компании во првите фази од својот развој. Такватаможност е достапнаод2016  годинакогаМакедонската берза восоработкасоЗагребскатаберзапреку регионална платформа на Југоисточна Европа се приклучи кон една глобална платформаза алтернативен начин за прибирање на дополнителен капитал за стартапите и нивна потенцијална трансформацијаводруштвапогоднизаиднакотација на Берзата. Во оваа насока има напори од повеќе групи на домашни индивидуални субјекти, меѓу кои е и платформата за финансирање на креативноста во Северна Македонија. Сепак,  покрај напорите кои се вложуваат за развој на овој сегмент сè уште не може да се поврзат со  одредени поголеми успеси.

Фондовите за ризично финансирање не се препознатливи во  домашната економија. До денес функционираат неколку приватни фондови, по принципите на  организација на т.н. бизнис ангели, меѓутоа тоа се многу ретки и со ограничени технички, оперативни и финансиски услови, за да имаат некакво влијание врз развојот на овој сектор и врз економијата воопшто.

Со Стратегијата за развој на финансиските пазари до либерализација, иновативни решенија и нови инструменти

Од сето погоре изложено, потребата од динамизирање на финансиските пазари во земјава е несомнено. Во услови на ограничени финансиски ресурси, финансирањето на економскиот раст треба да произлезе од поефикасна алокација на средствата. Тоа значи  зголемување на можностите за финансирање на поризични проекти, кои доколку банките (заради објективните ограничувања) не се во можност поинтензивно да се вклучат, напорите за  развој треба да се насочат кон другите сегменти на финансиските пазари кои имаат развиени  механизми за тоа. Колку е поразвиен националниот пазар на капитал, толку компаниите полесно и поуспешно ќе се справуваат со секоја нова ситуација, нема да зависат само од банкарското финансирање и ќе ја зајакнат својата меѓународна конкурентност.

Со Стратегијата идентификувавме четири стратегиски правци, кои ги преточивме во конкретни цели и мерки (од кои дел се веќе во фаза на подготовка). Тоа се 1.) Подигнувањето на учеството на индивидуалните и институционалните инвеститори преку зголемување на побарувачката за домашните хартии од вредност; 2.) Зголемување на инвестициските алтернативи преку зголемување на понудата на сопственички и должнички хартии од вредност, 3.) Унапредување на регулативата за усогласување со европските директиви и 4.) Подигнување на свеста и финансиската едукација на корпоративниот и секторот на домаќинства.

Во однос на првата насока на дејствување на Стратегијата – стимулирање на побарувачката – предвидено е да се потикне преку повисоки приноси како резултат на мерките за намалување на трансакциските, информациските и даночните трошоци. Дополнително, планирани се промени во регулаторните ограничувања на достапноста на значајни информации во прилог на проширување на портфолио инвестиции на домашните и странските институционални инвеститори како и унапреденото корпоративно управување на котираните компаниинанашатаБерза.

Вопогледназголемувањенапонудата – предвидувамеиздавањеновиинструментиоддржаватакоисевосклопнаостварувањенацелитенаПланот зазабрзанраст,но,истотака,ќебидатдодаденавредноствопонудатананашиотпазарнакапитал и начинотнафинансирањенадржавата. Имено, подготвуваме воведување на развојни, инфлациски, зелени, проектни и регионални обврзници. Дополнително, предвидено е олеснување на процедурата, како и значителни регулаторни и даночни олеснувања и стимулации за зголемување на бројот на котираникомпаниивоБерзата и извршувањена инцијални јавни понуди вклучително на државни компании и нивна целосна или делумна приватизација.

Промените на регулаторната рамка се во насока на зголемување на ефикасноста на работењето на регулаторните тела, сеопфатност како и брзото приспособување во променливиот и иновативниот амбиент во финансискиот сектор. Во овој домен, следејќи ги добрите практики од развиените земји се увиде потреба на обединување на регулаторните тела на небанкарските институции, со цел зголемување на нивните капацитети и оперативната ефикасност.

Предвидени се и значаен број законски измени и нови законски решенија со цел олеснување на функционирањето и постигнувањето на целитепредвиденисоСтратегијата. Дел од тие законски решенија се во фаза на подготовка или веќе подготвени, како Законот за финансиски инструменти, Законот за проспекти и транспарентност, Закон за инвестициски фондови, законски решенија во областа на алтернативните инвестициски фондови, Законот за платежни услуги и платни системи, Законот за финансиски друштва, Законот за финансиска стабилност како и започнување на изготвување на законско решение за користење и инвестирање во криптосредства. Овие нови законски решенија покрај усогласувањето со добрите воспоставени практики од развиените земји и европските директиви, нудат и специфични решенија за адресирање на идентификуваните недостатоци.

Со новиот Предлог-закон за платежни услуги и платни системи се  овозможува влез на нови институции на пазарот, особено од финтек секторот, кои нудат платежни услуги преку иновативни и дигитализирани решенија, соштоќесезасиликонкуренцијатана пазарот од и од аспект на квалитет на услуга и од аспект на трошоци. Дополнително, тоа влијае и на намалување на готовинското циркулирање на парите, што значи подобра контрола и поефикасна борба со сивата економија. Во иста насока, се цели и со изготвување на законот за криптовалути, со кој ќе се воведе рамка за употреба и контрола на крипто-средствата, како нов иновативен финансиски производ, но и перспективите на развојот кон платежно средство на иднината.

Финансискиот сектор и инструментите кои се предмет на континуирано подобрување и приспособавање одговарајќи на новите потреби, налагаат добро познавање од страна на инвеститорската јавност. За таа цел и последната дефинирана стратешка определба е унапредување на свеста на јавноста преку финансиска едукација. Предвидени се различни програми за унапредување на капацитетите, како формирање на меѓуинституционално тело за имплементирање на активностите за зголемување на нивото на финансиска едукација, како и долгорочно имплементирање на сеопфатни програми со посебенфокуснамладите, а со цел потикнување на нивното учество во пазарот на капитал.

Предизвици и перспективи

Комплексноста, поголемата динамика на промени, зголемената меѓународна интеграција и забрзаната дигитализација на пазарите на капитал, покрај придобивките носат и голембројпредизвици. Прелевањето на шоковите од меѓународните пазари накапитал, регулаторнитепотешкотии, како и заштитата од сајбер-напади, се само дел од ризиците со кои пазарите се соочуваат. Ова укажува на потребата за зголемен капацитет и подготвеност на институциите вопревенција и менаџирањенаовиеризици.

Сепак, придобивките за стопанството и економијата од либерализацијата на пазарите и мобилизирање на средствата се огромни. Диверзифицирањето на изворите на финансирање за претпријатијата, овозможувањето на пристап до инструменти кои ќе бидат во прилог на политиките за менаџирање со ризик, креирањето на повеќе инвестициски алтернативи, привлекувањето на значителни нови свежи средства за инвестиции, ќе придонесат кон целите за забрзување на растот, зголемената вработеност и унапредувањето на животниот стандард на граѓаните.

Координираниот институционален пристап, инклузивноста и хармонизираноста со светските трендови според кои се водиме во конципирањето на решенијата предвидени со оваа Стратегија како и силната определба на Министерството за финансии за нивна реализација, ќе бидат препознаени и ќе се одразат преку зголемена доверба кон финансиските пазари и ефектуирање на нивниотпотенцијалвоекономијата.

Фатмир Бесими, министер за финансии

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.