четврток, 12 ноември 2026
Најново

Разрешени потпретседателите на ССК, Георгиевски и Костадиновски

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Сојузот на стопански комори на Македонија информира дека на седница на Управниот одбор на ССК, лицата Горан Георгиевски и Ромео Костадиновски се разрешени од функциите потпретседатели на Сојузот на стопански комори на Македонија.

„Воедно, информираме дека истите лица, како претставници на компании членки, се исклучени од членството во Сојузот на стопански комори на Македонија.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Врз основа на ова, овие лица повеќе немаат никаква поврзаност со ССК, ниту имаат право да се претставуваат во име на Сојузот.

Дополнително, апелираме до сите медиуми и јавноста да не го користат логото, полниот или скратениот назив на Сојузот на стопански комори на Македонија во контекст на појавување, изјави или настапи на горенаведените лица, со цел да се избегне погрешна претстава и злоупотреба на имиџот и интегритетот на Сојузот.

Сојузот останува посветен на транспарентно и одговорно работење во интерес на стопанството и економскиот развој на државата.“

Соопштението е потпишано од претседателот на ССК, Трајан Ангелоски.