петок, 27 ноември 2026
Најново

Рамиз Мерко се поднови со четири автомобили

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај
Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, ќе се поднови со четири нови автомобили, од кои и една луксузна лимузина. Вкупната вредност на набавката е 114.000 евра, иако општината за оваа набавка планираше да потроши 100.000 евра, пишува “Фокус“.
Договорот за набавката на лимузините бил склучен на 28 ноември, а денес беше објавена на сајтот на Бирото за јавни набавки. Според договорот, ќе бидат набавени едно “Ауди А6“, односно лимузина седан со четири врати, вредно 66.700 евра, “Шкода Октавија“, лимузина со пет седишта, вредна 18.700 евра и две “Шкода Рапид“, исто така лимузини со пет седишта, кои чинат по 14.205 евра.

Поврзани вести