Рамос: Заслуживме победа, не треба да се зборува за пеналот

Во различно расположение фудбалерите на Реал и Барселона го напуштија теренот на „Сантијаго Бернабе“. Најсреќен беше капитенот на Реал, Серхио Рамос, кој во 82.минута го постигна победничкиот гол за својот тим, за конечни 2:1„Заслуживме на победиме, а честите натпревари со Барселона не направија посилни. Патуваме во Манчестер, убедени дека можеме да минеме во следната фаза“, рекол Рамос, кој не пропушти да го искоментира спорниот момент кој се случи во самиот финиш. Тогаш поради прекршокот врз Адријано не беше доседен пенал за Барселона.„Резултатот е праведен и не би требало да говориме за само еден детал.“Реал со победата ја намали предноста на Барселона на 13 бодови, Рамос најави дека, иако шансите за одбрана на титулата се мали, тој и неговите соиграчи ќе се борат додека тие постојат.Реал во Манчестер, против Манчестер Јунајтед, во вторник ќе го одигра осмина финалниот реванш во Лигата на шампиони, на првиот меч резултатот беше 1:1.
МакфаксВо различно расположение фудбалерите на Реал и Барселона го напуштија теренот на „Сантијаго Бернабе“

Пронајдете не на следниве мрежи: