четврток, 12 ноември 2026
Најново

Расне цената на нафтата поради тензиите со Иран

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Берзите изреагираа на кризната ситуација на Блискиот Исток по американскиот воздушен напад во Иран и убиството на генералот Касим Сулејмани, цената на нафтата денеска порасна, јави „Блумберг“.
Духовниот лидер на Иран, Али Хомеини вети „жестока одмазда“ за убиството на Сулејмани, генерал на специјалната единица „Ал Кудс“ на Корпусот на стражите на исламската револуција. Генералот беше убиен утринава во воздушен удар на САД недалеку од аеродромот на Багдад.
Главните европски и американски берзи реагираа по ескалацијата во регионот и го започнаа денот со намалени котирања. Од сите, најмногу добија нафтените компании, златото, јенот и хартиите од вредност, пренесува „Блумберг“.
Цените на акциите на американските и руските нафтени компании пораснаа во просек од 1.3 до 2 отсто. Цената на нафтата од марката „Брент“ се зголеми за 4 отсто, највисок резултат во последните четири месеци, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Поврзани вести