Расте цената на нафтата во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика, водоснабдување и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија ја донесе одлуката, со која малопродажните цени на нафтените производи се зголемуваат во просек за 0,29% во споредба со одлуката од 3.11.2025 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/л. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛОТ (D-Е V) се зголемува за 1,00 ден/л.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство I (ЕЛ-1) не се менува. Малопродажната цена на Мазут М-1 SU се намалува за 0,486 ден/кг и сега ќе изнесува 36,427 ден/кг.

Од 11.11.2025, 00:01 часот, максималните цени на нафтените производи ќе бидат:

ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 74,50 (денари/литар).

ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 76,50 (денари/литар).

ЕУРОДИЗЕЛ БС (ДЕ V) ќе се продава за 72,00 (денари/литар).

Екстра лесното масло за горење 1 (ЕЛ-1) ќе се продава за 69,50 денари/литар.

Мазут М-1 СУ ќе се продава за 36.427 (денари/килограм).
The post Расте цената на нафтата во Македонија appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: