Реал повторно ја победи Барселона

Фудбалерите на Реал Мадрид забележаа победа над Барселона со 2:1 (1:1), во рамките на 26.коло во Примера дивизија.Ова беше втора последовна победа на Реал на Барселона, откако во вторникот, во полуфиналето на Кралскиот Куп, на „Ноу Камп“ триумфираа со 3:1. Барселона, од друга страна, го забележа третиот пораз на последните четири средби во сите конкуренции.
Реал со победата ја намали предноста на Барселона на 13 бодови.Со оглед на тоа дека 225-то ‘Ел Класико’ немаше некој голем резултатски значај, бидејќи Барселона во него влезе со 16 бодови повеќе од Реал, а од друга страна играчите на ‘кралскиот клуб’ во вторник ги очекува меч во Лигата на шампиони, двајцата тренери се решија да истрчаат со комбинирани состави.Фудбалерите на Реал, полни со самодоверба поради победата во Куп дуелот во Барселона, одлично го отворија натпреварот и до предност стигнаа по само шест минути игра.Серхио Рамос на средината од теренот украде една топка која ја проследи до Алваро Мората, кој на втората статива го пронајде Бензема, а Францускиот репрезентативец без мака ја погоди мрежата на Барса.Бензема го постигна својот четврти гол во дуелите со Барселона.Гостите од Каталонија бргу се вратија по водството на Реал. Лео Меси лесно го надигра Рамос, а потоа со левата нога ја погоди поблискиот агол од голот на Диего Лопез.Лео Меси на овој натпревар ќе се обиде да го израмни рекордот на легендата на Реал, Алфредо Ди Стефано, двајцата имаат постигнато по 18 голови во ‘Ел Класико’.Лионел Меси го одигра своето 25-то ‘Ел Класико’ со што стана странски фудбалери со најмногу настапи во најголемото дерби во шпанскиот фудбал.До крајот на полувремето двете екипи имаа по една шанса да постигнат гол, но мрежите на Лопез и Валдез сепак мируваа.Жозе Мурињо во второто полувреме ги уфрли во игра Кака, Роналдо и Кедира, но до финишот играта се одвиваше на средината од теренот без вистинска шанса.Реал до нова предност стигна во 82.минута, кога по корнерот на Модриќ, Серхио Рамос со глава го совлада Валдес.Победата во дербито беше 90-та за Реал во меѓусебните соочувања, Барса остана на 87 победи, додека 48 натпревари завршиле без победник.
МакфаксФудбалерите на Реал Мадрид забележаа победа над Барселона со 2:1 (1:1), во рамките на 26.коло во Примера дивизиј

Пронајдете не на следниве мрежи: