Ревизија на бадентер !?

ДУИ и денеска ја проблематизира можноста за ревизија на бадентерот, нешто што го најави како можност, министерот за правда Игор Филков посочувајќи дека треба да се разгледа оваа опција, поради честата злоупотреба.
Потпретседателот на Дуи, Бујар Османи кој воедно е номиниран од својата партија за кандидат за градоначалник на Чаир, со коментар ова е чекор за укинување на рамковниот договор од 2001ва и не е лапсуз, ова било стратегија на премиерот да бара од своите министри да најавуваат теми кои според него, се многу проблематични.
Премиерот Мицкоски вчера изјави дека темата е „завршена и затворена“. „Бадентер“ е дел од Рамковниот договор, а тој од Уставот; рамковниот е исполнет — со оваа формула, со што се  дистанцира од тезите на министерот за правда Филков, кој рече дека треба бадентерот повторно да се отвори, поради тоа што се злоупотребува. Мицкоски најави нов закон за балансер, кој ќе ги вреднува личните квалификации на кандидатите за вработување.
Од Левица пак одат  чекор подалеку. Апасиев со оценка дека било добро што и некој друг го отворил прашањето за Бадентерот нешто што Левица долго време го зборувала но не за да се ревидира, туку целосно да се укине..
Инаку, токму недостигот од бадентерово мнозинство, беше една од причините поради која во Собранието не поминаа измените на Изборниот законик, па одлуката падна на ДИК, според која независните во изборите можат да учествуваат само со два потписа од група избирачи, односно да се кандидираат за градоначланик или за листа на советници.

Пронајдете не на следниве мрежи: