Револуционерни кондоми кои ја менуваат бојата: Нивната намена може да ви го спаси животот

Сексот е пријатна и прекрасна активност која им помага на луѓето да ја зајакнат својата врска и нема ништо погрешно во тоа – ако на ум ја имате и контрацепцијата.
Сексот може да доведе до појава на некои болести, па затоа е важно да мислите и на заштитата. Најбезбедниот начин на заштита се кондомите кои воедно и најчесто се користат бидејќи се евтини, пружаат заштита од полово преносливите болести и инфекциите и спречуваат бременост во 98 отсто од случаите.
Но, иако се многу ефикасни, сепак постои можност партнерите да се заразат со некоја болест. Многу луѓе, за жал, лажат кога станува збор за полово преносливите болести, а тоа значи дека можете да се заразите дури и ако го имате неговиот збор дека е здрав.


Сепак, постои еден нов вид на кондоми кој може да открие дали сте со партнер кој е заразен – кондомот кој детектира болест кај партнерот го откриле тројца тинејџери од академијата Исак Њутн во Англија.
Според пишувањата на “Washington Post”, кондомот функционира така што содржи антитела кои реагираат на антигените на полово преносливите болести, а тоа доведува до промена на бојата на кондомот во зависност од болеста. На пример, кламидијата може да го обои кондомот во зелена боја, херпесот во жолта, а сифилисот – во сина боја.
Тинејџерите имале само 13 и 14 години кога дошле до оваа идеја, а за истата ја добиле првата награда на Тинејџерскиот научен натпревар во 2015 година. Секако, тие за идејата веќе добиле понуди од неколку произведувачи на кондоми.
Ова би можело да биде исклучително револуционерен подвиг во модерниот свет бидејќи би овозможило навремено откривање на болестите и нивно навремено лекување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.