Директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, попладнево објави дека има уште еден смртен случај од западнонилска треска.Тој истакна дека пациентот бил лекуван на Клиниката за инфективни болести 27 дена.
Како што објави директорот, станува збор за 76-годишен пациент кој бил донесен на клиниката во исклучително лоша состојба со невроинвазивен облик на болеста. Кај него бил потврден вирусот Западен Нил, а имал и други заболувања.
Тој е четвртиот регистриран смртен случај од западнонилска треска во земјата, додека 15 лица се оздравеле и се отпуштени од Клиниката за инфективни болести.
Вирусот досега е потврден кај 36 пациенти, додека нови резултати се очекуваат за неколку дена.
The post Регистрирана четврта жртва од западнонилска треска,: Пациентка која се лекуваше на Инфективната клиника во Скопјe 27 дена appeared first on Во Центар.



