Редок вид пчели прават прекрасни гнезда од цветови

Со вестите за глобалното намалување на популацијата на пчелите, многу луѓе се обидуваат да направат нешто и да го спречат нивното изумирање. Но, не се само луѓето кои се обидуваат да ги заштитат. Еден вид пчели има свој посебен начин на заштита.
Овие пчели се познати како Osmia avosetta и се самотници кои не се потпираат на поддршката од другите пчели. Наместо тоа, женските инсекти создаваат неверојатни шарени гнезда од цветови.
Гнездата се откриени во Турција и Иран, а доктор Џером Розен, куратор од Американскиот природнонаучен музеј, почнал да го истражува овој феномен.


„Гнездата се необични затоа што се наредени со два слоја шарени цветови помеѓу кои има тенок слој кал. Пчелите ретко користат делови од растенија за нивните гнезда. Денес постои потреба биолозите подобро да ги познаваат пчелите. Тие се најголемите оплодувачи на растенијата и се важни во одржувањето на екосистемите.“


Мајката пчела прво ги наоѓа совршените цветови. Потоа копа дупка од 1,5 центиметри и нанесува неколку цветови и кал. Откако ќе го исполни гнездото со полен и нектар, ги положува своите јајца. На крај го затвора гнездото превиткувајќи цветовите и исполнувајќи го преостанатиот простор со кал.
Додека надворешниот дел се суши и станува како тврд оклоп, внатрешноста на гнездото останува влажна. Ова е совршена средина за созревањето на ларвите во текот на зимата. Овој процес е доказ дека без разлика на видовите, мајчината љубов навистина е безусловна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.