Резервоарите до горе-ако имате толку пари

По две седмици Регулаторната комисија за енергетика одлучи од полноќ да ги зголеми цените на горивата. Се зголемуваат рафинериските и малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,41%, односно за 2,60%.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 21.01.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 21.01.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 48,50 ден/лит.
Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 21.01.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,599 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 21.01.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 31,121 ден/кг.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.