Војо Иванов, вработен во Зоолошката градина во Скопје, објави дека посетители украле дел од подароците наменети мајмунот Мики, кој ги добил по роденденска прослава.
„Правевме роденден на мајмунот Мики. Повеќе од пола поклони му ги украдоа гости (луѓе!) – на мајмунот! Толку имам да кажам“, напиша Иванов на Фејсбук.

Тој објасни дека посетители влегле внатре наводно по торта.
„Евентот беше надвор и на неколку минути влегле внатре – кога излегле колегиве скоро ништо од поклоните не останале“, дополни Иванов.
Засега нема информации дали Зоолошката градина ќе преземе конкретни мерки или дали ќе има санкции за посетителите.
Од ЗОО Скопје пред неколку денови, најавувајќи го неговиот прв роденден, рекоа дека Мики е мајмун гибон, а како бебе, на возраст од само неколку месеци, бил отфрлен од мајката и се соочил со сериозни повреди на главата и епилептични напади.



