РЕКОРДЕН БРОЈ НА ЗАБОЛЕНИ ОД ВИРУСОТ ДЕНГА ВО СИНГАПУР

РЕКОРДЕН БРОЈ НА ЗАБОЛЕНИ ОД ВИРУСОТ ДЕНГА ВО СИНГАПУР

Сингапур се соочува со рекорден број случаи на заразени со вирусот денга, тропска болест што ја пренесуваат комарците.

Сингапур, град-држава со 5,7 милиони жители, годинава регистрира повеќе од 26.000 случаи на денга, број што веќе го надмина годишниот рекорд од 22.000 случаи, утврден во 2013 година, а бројот на смртни случаи досега е 20.

Оваа болест може да предизвика силна треска што доведува до внатрешно крварење и состојба на шок.

За споредба, со коронавирусот во Сингапур досега се заразиле 56.000 луѓе, а бројот на смртни случаи од Ковид-19 е 27.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.