Рекорден број на лица заразени во Франција за еден ден, скоро 10.000: Починати уште 19 лица

Во Франција, според официјалните информации, во последните 24 часа се потврдени 9.843 нови случаи на инфекција со коронавирус.
Ова е рекорден број на нови случаи, само шест дена откако претходно беше забележано најголемото дневно зголемување на бројот на заразени лица – 8.975, пренесува Ројтерс. 
Во Франција, уште 19 лица починаа како резултат на инфекција со ковид-19, со што вкупниот број на жртви се зголеми на 30.813.
 Вкупно 353.944 лица се заразени од почетокот на пандемијата.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.