Рекорден број на новозаразени во едно деноноќие- Македонија го имаше најцрниот петок од почетокот на пандемијата!

Во деноноќието меѓу четвртокот и петокот се регистрирани 934 новозаразени со коронавирусот од 2748 тестирања, што е најголем број на инфицирани во едно деноноќие од почетокот на пандемијата. Пет лица починати, а 434 се оздрвени.
Од петмината починати, тројца се од Скопје (58, 68 и 75 г) и двајца од Прилеп (73 и 78 г). Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на оздравени пациенти е 20448, на починати е 982, а бројот на активни случаи изнесува 9058. Во болниците ширум земјава се хоспитализрани 678 позитивни или суспектни пациенти на Ковид-19.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.