Ретки фотографи на Кастро и Че Гевара на аукција

Збирка ретки фотографии на кои се водачите на кубанската комунистичка револуција Фидел Кастро и Ернесто Че Гевара ќе бидат понудени на наддавање во Велика Британија на 7-ми март, проценети на околу 50 илјади фунти (76 илјади американски долари), објави интернет страницата на аукциската куќа Dominic Winter Auctioneers.

 Ќерката на Алберто Корда, личниот фотограф на Фидел Кастро, продава 55 од неговите црно-бели фотографии направени во периодот меѓу 1950 и 1960 година. На една од фотографиите лидерот на кубанската револуција е фотографиран како игра голф со славниот аргентински револуционер Ернесто Че Гевара, а на друга, направена непосредно по победата на револуцијата во Куба, Кастро и Че се снимени на риболов со брод.
Претставник на аукциската куќа изјави дека станува збор за „неверојатна збирка” од фотографии, којашто фрла светлина врз приватноста од животите на познатите комунисти, меѓу кои се и онаа на која е овековечен разговорот на Че Гевара со познатиот француски филозоф Жан-Пол Сартр, онаа како Кастро го фотографира со „Полароид” семејството на советскиот лидер Никита Хрушчов или, пак, онаа на која Кастро е на врвот на еден рид со пиштол на рамото, а токму оваа снимка е најскапата од колекцијата.
Исто така, на наддавање ќе бидат понудени и серија фотографии коишто ги прикажуваат обичните Кубанци од споменатиот период, од кои се издвојуваат снимката на кубански авион ловец со неговото вооружување во деновите на кубанската ракетна криза во 1962 година и фотографијата од 1959 година на кое е девојче коешто на своите гради притиска парче од дрво, бидејќи нејзините родители не можат да си дозволат на нивната ќерка да и' купат кукла. Последната фотографија, според авторот, претставувала пресвртната точка во неговиот живот: откако добро ја сфатил одлучил да го посвети своето дело на „уништување на социјалната нееднаквост”.
Алберто Корда е роден во 1928 година во Куба. Тој е автор на една од најславните и нараспространети фотографии на Че Гевара посната како „Херојскиот герилец” (Guerrillero heroico), за чиешто неавторизирано користење во 2000 година доби отштета од 50 илјади долари од компанијата за алкохолни пијалаци „Smirnoff”, сума којашто ја уплати во кубанскиот здравствен систем. Фотографот почина во 2001 година во Париз, за време на изложба на неговите дела.
Макфакс
Збирка ретки фотографии на кои се водачите на кубанската комунистичка револуција Фидел Кастро и Ернесто Че Гевара ќе б

Пронајдете не на следниве мрежи: