четврток, 12 ноември 2026
Најново

Речиси сите го игнорираат овој симптом на срцев удар: Ако го почувствувате овој вкус во устата, посетете лекар

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Срцевиот удар е предизвикан од ненадеен прекин на протокот на крв низ крвните садови на срцето кои го снабдуваат срцевиот мускул со крв, а симптомите кои укажуваат дека сте изложени на ризик од оваа опасна состојба варираат помеѓу мажите и жените.

Покрај затегнатоста во градите која е придружена со мачнина, има и некои помалку очигледни сигнали кои предупредуваат на опасност. Невообичаениот вкус во устата може да укаже на проблеми со кардиоваскуларниот систем и е еден од знаците за срцев удар.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Најочигледен знак за миокарден инфаркт е, се разбира, остра болка во градите. Д-р Марк Перлрот истакна дека симптомите на срцев удар може да вклучуваат горушица која предизвикува лош здив и метален вкус во устата.

Еден од знаците може да биде и „нервозниот“ стомак. Исто така, знаците на срцев удар се: чувство на притисок во градниот кош што се јавува периодично, непријатност во горните екстремитети, отежнато дишење, летаргија, замор, вртоглавица.

Специјалисти на британската организација „British Heart Foundation“ ги советуваат пациентите да се обидат да се смират и да земат 300 милиграми аспирин пред пристигнувањето на брзата помош.