Речиси цела Долна Саксонија е под вода

Министерката за внатрешни работи на Долна Саксонија, Даниела Беренс денеска изјави дека речиси цела германска покраина е под вода.

„Речиси цела Долна Саксонија е под вода. Ситуацијата е многу напната“, изјави Беренс за радио станицата ДЛФ, пренесува Шпигл.

Таа додаде дека се очекува ситуацијата да стане уште посериозна во некои области.

Временската прогноза вели дека ќе врне и во наредните денови, како и дека ќе има невреме“, рече Беренс.

Според Шигел, германскиот Бундесвер се подготвува да распореди сили во поплавените области на Долна Саксонија, а шест хеликоптери веќе се ставени на подготвеност за заштита на насипите.Доколку насипите ослабнат или се скршат, хеликоптерите ќе испуштаат контејнери исполнети со градежни материјали за да се стабилизираат насипите и да се забави протокот на вода.

Германските медиуми претходно објавија дека околу 100.000 луѓе се вклучени во борбата против поплавите во северозападниот дел на земјата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.