Решена е мистеријата зошто е пукањето фолија со меурчиња толку заразно

Пред неколку години, производителот на фолијата со меурчиња Bubble Wrap објави дека ќе направи нова фолија за пакување деликатни кршливи предмети, со поедноставен изглед. Луѓето беа очајни – многумина признаа дека се зависни од пукање меурчиња.

Што е тоа што ги тера луѓето низ целиот свет да чувствуваат блажено задоволство, олеснување, мир кога ќе ја „пукнат“ фолијата?

Професорката по психологија Кејтлин Дилон од колеџот Western New England објави студија за тоа во 90-тите години на минатиот век. Во студијата, Дилон цитираше книга од 70-тите години за смирувачките моќи на допирот.

„Во античка Грција тоа било вообичаено и сè уште е во некои делови од Азија – да се носи со себе камен со мазна површина, или килибар, или жад. Пријатното чувство на допирање на мазен камен има смирувачки ефект. Бројаниците имаат сличен ефект кај религиозните католици“, пишува таа и додава дека кога ги ангажираме рацете со рачна работа, како на пример везење, се опуштаме. Истото важи и за пукањето фолија со меурчиња.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.