Ријана во брусхалтери ги воодушеви своите следбеници: Еден детал особено им падна во очи

Американската музичка ѕвезда Ријана го привлече вниманието на бројните следбеници на социјалните мрежи откако позираше во атрактивна облека.Таа се фотографираше во долна облека и оглавици, а фризурата ја комплетираше со вел. Станува збор за новата колекција на нејзиниот бренд Savage x Fenty, која се вика На прв поглед.„Еве ја невестата“, се вели во описот на фотографијата. Еден детал посебно им привлече внимание на фановите. Имено, пејачката носи веренички прстен и веруваат дека наскоро ќе се венча со својот партнер, раперот АСАП Роки.Во коментарите имаше бројни комплименти за изгледот на Ријана.„Се колнам, Ријана е единствената жена која ме натера да ја преиспитам сопствената сексуалност“, „Најубавата невеста“, „Роки е среќен маж“, се некои од нив.Ријана неодамна објави дека таа и Роки ќе присуствуваат на овогодинешната Мет Гала, која ќе се одржи на 5 мај во Метрополитен музејот на уметност во Њујорк.Тој е еден од домаќините на Мет Гала заедно со Ана Винтур, Луис Хамилтон, Колман Доминго, Фарел Вилијамс и Леброн Џејмс како почесен член.

Пронајдете не на следниве мрежи: