РКЕ одлучи: Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува

Од ноќеска на полноќ бензинот Еуросупер БС 95 поскапува за 1,5 денари, а Еуросупер БС-98 за денар. Цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за половина денар, одлучи денес Регулторната комисија за енергетика.
Новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 66 денари за литар, а 67,5 денари на Еуросупер БС-98. Литар Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 60,5 денари, а на екстра лесното масло за домаќинствата (ЕЛ-1) 49 денари.
За 0,149 денари се намалува цената на мазутот М-1 HC и килограм од тој енергенс ќе чини 32,698 денари. Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 0,09 проценти.
РКЕ ја утврди новата цена на горивата врз основа на просечната цена на суровата нафта и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две седмици.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.