„Мозоците“ на хуманоидните роботи би можеле да доживеат голем технолошки пробив веќе во средината на 2027 година, изјави шефот на кинеската компанија Spirit AI.
Сепак, нивната имплементација во домаќинствата е оддалечена најмалку осум години, бидејќи развојот на моделите е забавен поради недостаток на соодветни податоци, изјави оваа недела шефот на кинеската фирма за применета вештачка интелигенција „Спирит АИ“ .
И покрај импресивниот напредок во хардверот, благодарение на кој кинеските хуманоидни роботи можат да трчаат, танцуваат и да изведуваат превртувања наназад по команда, кинеските компании сè повеќе се фокусираат на софтверот што ја одредува интелигенцијата на роботите и нивната економска корисност во реални средини.
„ Мозокот е навистина најслабата алка во целиот роботски систем“, изјави за Ројтерс Гао Јанг, коосновач и главен научник на Spirit AI.
Пробив во индустријата споредлив со појавата на пресвртниот модел GPT-3 на OpenAI, врз чии технологии подоцна беше изграден ChatGPT, би можел да се случи околу средината на 2027 година, истакна Гао.
Роботите на Spirit AI веќе постигнуваат стапка на успех од 90 проценти во извршувањето на едноставни задачи во структурирана средина во дневна соба.
– Следната година или две претставува почетен период за индустриска примена. За две години, ќе видиме роботи во комерцијалните услужни индустрии, каде што ќе извршуваат поедноставни задачи. Влегувањето во домаќинствата е многу потешко од обете – рече Гао, кој е и доцент по роботика на Универзитетот Цингхуа.
„Спирит АИ“ моментално има неколку десетици свои хуманоидни роботи на тркала Moz1 распоредени на производствените линии на производителот на батерии CATL и малопродажниот гигант JD.com, кој е исто така еден од инвеститорите на компанијата. Стартапот со 300 вработени собра повеќе од 670 милиони долари од своето основање во 2024 година.
The post Роботите ќе доживеат голем скок во развојот веќе во 2027 година – кинески експерт најави револуција appeared first on Во Центар.



