Роботи диносауруси како рецепционери

Еден хотел во Токио на гостите им нуди несекојдневен пречек – роботи диносауруси на рецепција. Но, хотелот има и аквариум во кој исто така се наоѓаат роботи во облик на разнобојни светлечки риби.
Необичниот хотел „Казухиро Ноги“ се наоѓа во предградие на Токио.
Комуникацијата со роботите диносауруси е ограничена поради што гостите резервираат соби и вршат порачки преку таблет.


– Не сакавме хотел во кој само ќе се спие, туку сакавме да воведеме нешто нови, изјави директорот на хотелот Јукио Нагао.
Една ноќ во необичниот хотел чини 130 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.