Родила две деца, а кога ги покажала извајаните облини, било невозможно да не се гледа во неа

Манекенката Дуцен Крос била фотографирана овој викенд на Мајами, прво во текот на снимањето на новата модна кампања, а следниот ден и на плажа со пријателките, а во двете прилики го покажала совршено извајаното тело и топ формата.
Оваа русокоса дама ги покажала облините во маслинестозелено бикини, а никој не можел да го тргне погледот од совршено обликуваните стомачни мускули кои се навистина за воодушевување со оглед на тоа што Дуцен е мајка на две деца.


34-годишната манекенка навистина изгледа перфектно, а неодамна ги шокирала сите во модната индустрија, признавајќи дека до неодамна не користела никакви препарати за нега на лицето.
“Денот го започнувам со нанесување на крема на подрачјето околу очите. Започнав со тоа пред една година, малку доцна, всушност предоцна. Оваа година наполнив 34 години и сфатив дека тоа ќе морам почесто да го правам”, изјавила преубавата Холанѓанка и додала дека негата на кожа ја земала здраво за готово кога била помлада.
Крос редовно вежба и води грижа за исхраната, а на нејзиното мени задолжителни намирници се цедените сокови, додека исхраната ѝ се заснова на овошје и зеленчук и малку риба и млечни производи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.